Поради истрагата за корупција, привремено стопирана исплатата на средства од ИПАРД-програмата

Министерството за финансии преку националните структури што управуваат со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за привремен прекин на исплатите од ИПАРД-програмата, информираат од таму.

„За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција,“ соопшти Министерството за финансии.

Оваа одлука следува по скандалот во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, односно по истрагата за корупција и притворот на четврица лица осомничени за поткуп, и една во куќен притвор. Меѓу притворените е и директорот на Агенцијата, Илија Стоилев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски не чувствува никаква одговорност за овој случај и не планира да си даде оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илија Стоилев доби 30 дена притвор

Фото/МЗШВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести