Обвинение за полициските службеници за трагедијата во Кочани наредниот месец, за службениците од УЈП се уште трае предистрагата

Второ обвинение за трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа 63, а беа повредени 202 лица, најверојатно ќе има на почетокот на декември, посочи денеска републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Се работи за истрагата во која се осомничени полициски службеници, а како што објасни Коцевски, истата требало да заврши до крајот на септември, но поради објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, таа не завршила.

За предистрагата пак со која меѓудругото се опфатени и службеници од Управата за јавни приходи (УЈП), тој само посочи дека истата ја води Основното јавно обвинителство Кочани, а “јавен обвинител дал одредени напатствија и наредби за преземање на надлежните органи на одредени процесни дејствија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е обвинет за пожарот во Кочани

Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани

Пораките кои ги објави ИРЛ се мал дел од доказите: Се уште се водат предистрага и истрага за трагедијата во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести