Директорот на Реплек, Пецовски и Сава пензиски фонд купија акции на компанијата, Настел повторно продаде

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Душан Пецовски, кој е претседател на Управниот одбор и генерален директор на компанијата, се стекнал со 25 нови акции, и сега поседува вкупно 31.900 или 12,31% од вкупниот број на акции.

Акционерот со над 5%, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд пак се стекнал со 113 нови акции, и сега поседува вкупно 16.703 или 6,44% од вкупниот број на акции.

Акционерот со над 5%, Настел ДООЕЛ продал 167 акции, и сега поседува вкупно 16.045 или 6,19% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Членот на УО на Реплек, Котески, купи акции на компанијата

Настел продаде нови акции во Реплек

Канцеларија со душа: Како изгледа канцеларијата на Душан Пецовски, првиот човек на Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести