На платен список на „Комунална хигиена“ и затвореници, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски откри дека на списокот на оние кои земале плата, а не оделе на работа во скопски јавни претпријатија биле и лица кои се во куќен притвор или се затвореници.

-Тоа се лица кои што со месеци, некои со години не оделе на работа, а земале плата, има таму лица, еве во интерес на истрагата не можам во детали да зборувам, кои што дури се наоѓаат во куќен притвор или се затвореници.

Замислете, а земале плата од Градот Скопје. Има под интелектуални услуги активирано камиони со астрономски суми исплата на физички лица кои што работеле наводно за “Комунална хигиена“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој потврди дека Финансиска полиција веќе повела истрага за злоупотреби од околу 300 милиони евра во јавното скопско претпријатие „Комунална хигиена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отпуштени 500 работници од скопските јавни претпријатија, кои должат над 300 милиони евра, вели Ѓорѓиевски

Колку советници и помошници има директорот на Комунална хигиена кој поднесе оставка

Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести