Каков имот пријавил Беџети, поранешниот градоначалник на Сарај кој заработи кривична за злоупотреба на службената должност

Поранешниот градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, заработи кривична пријава од Управата за финаниска полиција за злоупотреба на службената должност.

Со истата се опфатени уште седум лица, вработени на различни позиции во Општината, а се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за екс градоначалникот на Сарај, Беџети и седум лица за злоупотреба на службената положба

Беџети пак за кривичната вели дека била фабрикувана и дека станува збор за политички конструкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беџети за кривичната: Нарачaните пријави не ме заплашуваат

еМагазин разгледа каков имот пријавил според податоци на mkopen.org.

Каков имот пријавил

На свое име на пријавил недвижен и подвижен имот.

На име на родителите пријавил куќа во Глумово, а на име на сопругата возило.

На свое име пак пријавил златен накит и часовници.

Тогаш имал и заштеда и депозит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести