Кој е Александар Трајановски, новиот потпретседател на СДСМ

Александар Трајановски е нов потпретседател на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Александар Трајановски е нов потпретседател на СДСМ

Тој на локалните избори беше кандидат на партијата за градоначалник на Општина Аеродром.

Предлог е на лидерот Венко Филипче, а истиот го подржа Извршниот одбор на партијата. Останува уште Централниот одбор да ја изгласа одлуката.

Неговиот избор следи откако неодамна Ана Чупеска поднесе оставка од функцијата потпретседател на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потпретседатеката на СДСМ, Ана Чупеска си поднесе оставка

Кој е Трајановски

Роден е на 03.12.1980 година во Скопје.

Во 2006 година дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Во 2008 година започнал со приватна специјализација по ортопедија.

Во 2011 година почнал да работи на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Во 2012 година се здобива со звањето специјалист ортопед.

Во 2013 година добил стипендија за едномесечен едукативен престој за артроскопија на колено и рамо во болницата Аџибадем Истанбул, во Турција. Едукацијата ја продолжил со стипендија и едномесечен едукативен престој на истата област во Универзитетскиот Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија, во 2015 година.

Во 2016 година го започнал III циклус на докторски студии по медицина на Медицинскиот факултет, при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

Во периодот од 2017 до 2019 година ја завршил субспецијализацијата по трауматологија на Медицинскиот факултет, на Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, и се здобил со звање субспецијалист трауматолог.

Тој е лиценциран судски вештак во областа ортопедија и трауматологија.

Трајановски е член и на Македонско ортопедско трауматолошко друштво – МАДОТ.

Во октомври 2020 година беше назначен за вршител на должност – медицински директор на ТОАРИЛУЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Ана Чупеска, потпретседатеката на СДСМ, која поднесе оставка

СДСМ во вториот круг освои тројца градоначалници, вкупно шест

Кој се е во раководство на СДСМ, за кое Филипче најави кадровски промени

Фото: Трајановски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести