Борис Настов е нов директор на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“.
Тој на оваа функција е по вторпат. Беше директор на оваа јавно претпријатите и во 2022 година, но поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови директори добија и јавни претпријатија „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“ и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога за првпат стана директор на „Улици и патишта“, кој го имаме во архива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Борис Настов, новиот директор на „Улици и патишта“ Скопје
Каков имот пријавил
На свое име пријавил стан во Скопје од 76 метри квадратни, кој е подарок, а на име на сопругата пријавил куќа во Скопје од наследство и стан во Охрид.

Вози Голф 4 и Цитроен, а поседува и акции, но не навел каде.
Возило пријавил и на име на децата, а како заеднички имот пријавил и накит и часовници.
На свое име пријавил уметнички слики.
Тогаш пријавил и два кредити, кои треба да се вратени, според тогаш дадените податоци.













