Дубаи го доби највисокиот хотел во светот – Ciel Dubai Marina.
Истиот е висок 377 метри и има 82 ката и 1.004 соби и апартмани.
Во него е и највисокиот бесконечен базен во светот – Tattoo Sky Pool, кој се наоѓа на 76. кат, 310 метри над градот.
Хотелот има и спа-центар, теретана, осум ресторани и барови, вертикални зелени градини во атриумот на кулата, кои овозможуваат природна вентилација…
Истиот се наоѓа во Дубаи Марина, што на гостите им овозможува лесен пристап до плажи, трговски центри и туристички атракции.
Во Дубаи моментално се осум од десетте највисоки хотели во светот.
Фото/видео: BUDDYWOOD













