Македонското Собрание денеска доби тројца нови пратеници, кои доаѓаат на местото на сега веќе бившите пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција, кои станаа градоначалници на локалните избори.
Нови пратеници, чиј мандат беше верифициран се Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.
Од пратеничко место се откажа Игор Никовски, а не негово место дојде Стојановски.
Тројцата нови пратеници доаѓаат на местото на Бети Стаменкоска-Трајкоска, која стана градоначалник на скопската општина Кисела Вода, Јане Мицевски, кој стана градоначалник на Општина Сопиште и Дејан Проданоски, кој стана градоначалник на Општина Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода
Кој е Дејан Проданоски, новиот градоначалник на Прилеп
Каков имот пријавила Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода













