Инспектори на УЈП од Штип и Струмица го предупредувале газдата на “Пулс“ за контроли, за „услугите“ ги плаќал неговиот син

За трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63, а беа повредени 202 лица се отвори трета истрага.

За првиот предмет во која се обвинети 36 физички и три правни лица во тек е судењето, за вториот кој се однесува на инволвирани полициски службеници следниот месеци треба да има обвинение, а со третиот се опфатени инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) од Штип и Струмица и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за полициските службеници за трагедијата во Кочани наредниот месец, за службениците од УЈП се уште трае предистрагата

Истата ја води Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, а се однесува на 11 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени десетина вработени во УЈП за трагедијата во Кочани

Како што информираа од ОЈО Кочани, двајца даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во т.н. клуб „Пулс„, односно обвинетиот Дејан Јованов-Деко.

Тие се осомничени за примање поткуп, додека пак синот на Јованов, Михаил Јованов е осомничен за давање поткуп.

На таткото и синот веќе им се суди. Тие се меѓу обвинетите од првиот предмет.

Обвинителството бара притвор за двајцата даночни контролори, а за Михаил Јованов веќе се во сила мерки на претпазливост од првиот предмет, но Обвинителството побара проширување на истите со забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените.

Шестмина осомничени, кои се даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, пак им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација. Тие се осомничени дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување. За нив се предложени мерки на претпазливост.

Во новата истрага Дејан Јованов-Деко, кој е веќе во притвор за првиот предмет, е осомничен за фалсификување исправа.

-Тој подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот, велат од Обвинителството.

Осомничена е и инспекторка од ДПИ, која исто така е опфатена со првиот предмет, во кој и се определени мерки на претпазливост и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело оддавање службена тајна поради откривање информации за ненајавени контроли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е обвинет за пожарот во Кочани

Која е Диана Груевска Илиевска, која го води судскиот процес за трагедијата во Кочани

Кој е газдата на „Рубикон“, која ја обезбедуваше „Пулс“ во Кочани, чие обвинение се спои со главното

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести