Таравари останува, Села ја напушти коалицијата на ДУИ

По локалните избори крилото на поделената Алијанса за Албанците, кое го предводи Зијадин Села ја напушти коалицијата Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ.

Другото крило, пак предводено од Арбен Таравари, останува во коалицијата.

На повтореното гласање од локалните избори во Општина Гостивар, кандидат за градоначалник на Општината на коалицијата треба да биде актуелниот в.д. градоначалник, Валбон Лимани, кадар на крилото на Таравари.

Тој беше во водство во првиот круг, но поради тоа што немаше цензус, таму изборите во јануари ќе се одржат од почеток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторените локални избори во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа ќе се одржат на 11. јануари

ДУИ во вториот круг освои еден градоначалник, вкупно засега четири

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести