Решетка од вентилација паднала врз 46-годишна жена на концерт во КИЦ

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 20.11.2025 година во 23:15 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар (КИЦ) во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести