Двајцата даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, кои се осомничени во третата истрага за трагедијата во Кочани од Основниот кривичен суд Кочани добија куќен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Други шест лица, опфатени со истата истрага, која се однесува на 11 лица, добија мерки на претпазливост, а едно доби дополнителна мерка на претпазливост.
Освен вработени во Управата за јавни приходи во Штип и Струмица и испекторка во Државниот пазарен инспекторат, со третата истрага за пожарот во т.н. дискотека во Кочани се опфатени и Дејан Јованов-Деко, вистинскиот газда на „Пулс“, кој е во затворски притвор, како и неговиот син Михаил Јованов, кои се веќе обвинети во првиот предмет за кој во тек е судењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
За Михаил Јованов веќе се во сила мерки на претпазливост од првиот предмет, а сега доби и забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е газдата на „Рубикон“, која ја обезбедуваше „Пулс“ во Кочани, чие обвинение се спои со главното
Која е Диана Груевска Илиевска, која го води судскиот процес за трагедијата во Кочани
Фото: Игор Бансколиев













