Адем Чучуљ е предлогот за нов претседател на Антикорупциска

Адем Чучуљ, кој повеќе од деветнаесет години работи во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), а моментално е нејзин генерален секретар, е едногласен предлог на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата за нов претседател на Антикорупциска.

Тој од 10 кандидати од Комисијата доби највисока оценка – 96,5 бодови.

Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит.

За него треба да се гласа на пленарна седница во македонското Собрание на почетокот на следниот месец.

Изборот за нов претседател на Антикорупциска следи откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање податоци на еден од главните обвинети, што се смета за службена тајна, но и за фалсификување на исправа, по што поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за нов претседател на Антикорупциска

Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“

Претседателката на Антикорупциска, по оставката, се враќа во Државниот завод за ревизија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести