Синоќа по полноќ во Кавадарци за време на настап во угостителски објект беше приведен српскиот турбо-фолк пејач Александар Вуксановиќ (57) или познат како Аца Лукас.
Како што информира од полицијата тој таму настапувал без потребната дозвола.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) заради тоа заработи прекршочна пријава, а Основниот кривичен суд му изрече и парична казна.
При контролата пак во угостителскиот објект каде имал концерт, од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) било констатирано дека се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што за објектот се поднесени соодветни поднесоци.
Констатирани се прекршоци и од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) за неиздавање на фискална сметка, како и прекршок согласно Законот за пушење, велат од МВР.
Аца Лукас приведен во Кавадарци pic.twitter.com/ZhjAQW22nZ
— Волкот од шумата 🌲 (@wolf_forest_228) November 22, 2025














