Мигрант почина на Клиника за нефрологија

На 21.11.2025 во 07:50 часот во СВР Скопје, од Клиниката за нефрологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје е пријавено дека на 20.11.2025 во 00:16 часот, кај нив за укажување на лекарска помош е донесен Л.Ш.(41), мигрант, кој на 21.11.2025 во 06:48 часот починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Засега, нема други информации околу причините за здравствената состојба на мигрантот, ниту пак кој го донел во Клиничкиот центар во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести