Ремзи Мифтари и Дурмиш Белули, осудени во мај за несреќата кај Ласкарци, се уште не се во затвор, Мифтари е недостапен за полицијата

Одговорниот за транспорт во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари и сопственикот на фирмата, Дурмиш Белули, кои беа осудени за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, во мај, се уште не се во затвор.

Како што објави Сакам да кажам, полицијата од Тетово моментално неможе да го најде Мифтари за да биде спроведен во затворот Идризово.

И двајцата, кои го одлагаат одењето во затвор дури седум месеци, истовремено беа и на операција од кила на тестиси.

На Мифтари, како што пишува порталот, одлагањето на казната одамна му било истечено, а Белули добил ново одлагање, до 1. декември годинава.

На 9. мај Апелациониот суд Скопје на Белули за повеќе од двојно му ја зголеми затворската казна, од четири на десет години, а на Мифтари му ја зголеми од шест на десет години.

Автобуската несреќа се случи на 13. февруари 2019 година.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести