16-годишник силувал 12 годишно девојче во Охрид, чинот го снимал друг малолетник, до видеото дошол 14-годишник кој уценувал

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 24.11.2025 година во 10:00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид лишиле од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 година извршил обљуба врз 12 – годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот.

До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.

-СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од таму.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести