Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција ќе испитува дали поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, имала фер судење за случајот кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), “Тенк“.
Станува збор за случајот за набавката на блинираниот „мерцедес„ за Министерството за внатрешни работи, кога таа беше министерка.
Таа за „Тенк“ беше осудена на четири години затвор, а одлежа три години и еден месец.
Информацијата ја соопшти Јанкулоска на својот Фејсбук профил.
„Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвора сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата“, напиша таа меѓудругото.
Фото: Фејсбук/Јанкулоска














