Врз основа на добиено Решение од Комисијата за хартии од вредност, на седница на Одборот на директори на Берзата на 21. ноември е извршена измена на Анекс 1 од правилата за тргување на Македонска берза, со којашто се менува начинот на пресметка на дозволените горни и долни лимити на цената на акциите при пријавување на блок трансакции на Берзата, информираат од таму.
Оваа измена на правилата за тргување ќе започне да се применува од 26.11.2025 година.
Пречистениот текст на правилата за тргување може да ги најдете на следниот линк: mse.mk.














