Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, откри дека истрагата за Артан Груби, избеганиот поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците е завршена, ама во Обвинителството не знаат каде е избеган.
Коцевски вели дека биле собрани сите докази за истрагата во која е осомничен Груби, а имало и финансиска истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил разрешениот судија Енвер Беџети
Груби откако заврши на т.н. црна листа на САД, на која беше ставен заедно со разрешениот судија од Апелацискиот суд, Енвер Беџети, поради примање мито за да ги развлекуваат предметите поврзани со поранешниот прв човек на поранешната Управа за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, беше осомничен за проневера во Државна лотарија, а за него е распишана и меѓународна потерница.
Извесно време се шпекулираше дека е во соседна Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Артан Груби се крие во Албанија?
Мајката на Артан Груби го брани, го гонеле како во комунизмот
Имаме индиции дека избеганиот Артан Груби е во регионот, вели Мицкоски
Фото: Груби/Фејсбук














