Поништен е тендерот за избор на изведувач за реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје, информираше денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Следната недела ќе биде распишан нов тендер, а процесот поради тоа ќе се одолговлечи за нови два месеца, до средината на јануари.
Тендерот не поминал, бидејќи имало жалба во однос на изведувачот, кој бил единствениот кој се пријавил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Избран изведувачот за реконструкција на Универзалната сала, еве како треба да изгледа
Фото: МКИТ














