Мицкоски вели оти немало напад на Владимир Перев, припадник на бугарската заедница во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи и тамошниот претседател Румен Радев за нападот за кој поранешниот новинар и публицист, Владимир Перев, припадник на бугарската заедница во Македонија, тврди дека бил направен врз него во маркет во Скопје, рече дека таков напад немало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во маркет во Скопје нападнат поранешниот новинар Владимир Перев, припадник на бугарската заедница

Тој кажа дека вчера имал консултации и дека апсолутно отфрла било каков напад врз Перев и обвини за конструкции и инженериг од страна на Бугарија.

„Некој може да накисне на дождот надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата со кој се загрозува интегративниот процес. Ако некој одлучил да се самоповреди и тоа да го прикаже како хибриден напад или не знам каков напад, тоа е друга работа. Не очекувајте дека ние ќе имаме црвен тепих и дека нема да се прават конструкции и инженеринг, рече тој.

Перев нападот го пријавил и во Министерството за внатрешни работи, кое го потврди тоа.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести