Грција одби да го екстрадира Аце Боцевски-Циганот, кој во Македонија се бара за убиство

Аце Боцевски-Циганот, кој 28 години, Македонија, го бара со меѓународна потерница за убиство, нема да биде екстрадиран од Грција, откако судот во Солун одлучил дека случајот е застрен и му ја укинал мерката притвор, пренесе грчката државна агенција АНА-МПА.

Тој пред Судот тврдел дека бегството од Македонија било поради политички притисоци, дека работел во обезбедувањето на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров и дека се чувствувал загрозено.

Боцевски е осуден на 15 години затвор за убиството на 37-годишниот Сеат Ибраими во ноември 1997 година, а откако беше пуштен од притвор, избега во Грција.

Тој беше уапсен во Грција во мај годинава во Катерини, каде што живеел подолг период.

Денеска има 60 години и има сопствен бизнис – издава соби во областа Пиерија.

Фото: Унсплеш/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести