Судот во Солун, Грција, одлучи да не го екстрадира Аце Боцевски-Циганот во Македонија каде се бара за убиство повеќе од 28 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција одби да го екстрадира Аце Боцевски-Циганот, кој во Македонија се бара за убиство
Тамошниот суд смета дека делото застарело и му е укинат притворот.
Тој беше уапсен во мај годинава во Катерини, по што македонските власти побараа негова екстрадиција.
За кое убиство се бара
Боцевски во ноември 1997 година во центарот на Скопје го уби 37-годишниот Сеат Ибраими.
По кратка бркотница со автомобили кои ги управуваат Боцевски и Ибраими, возилото на убиениот излетало од патот, а Боцевски, излегол од своето и испукал цел шаржер во Ибраими.
Убиство, кое наликува на пресметки од филмови за мафијата, тогаш предизвикува голем интерес во јавноста и медиумите, а една година по него, Боцевски е осуден на 15 години затвор.
Добива домашен притвор, по што успеава да избега од Македонија, а по него е распишана мешународна потерница.

Во следниот период медиумите пишуваат дека бил во Србија, Бугарија и Турција, а на крај во Грција, каде што живее и денес.
Издава соби за туристи
Денеска Боцевски има 60 години.
Се занимава со издавање на соби за туристи во во областа Пиерија.
Фото: Унсплеш/МВР














