Од понеделник поскапува парното во Скопје

Од понеделник, 1. декември, поскапува цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје.

Истата, како што информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Беслимовски, се зголемува во просек за 5,9%.

За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето е во просек за 5,9%, за потрошувачите на ЕСМ Енергетика е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7%.

Причината за поскапувањето како што објасни, е што во наредниот период ќе се инвестирало во развивање на дистрибутивната мрежа, која што е изградена во средината на 60-тите години на минатиот век и поради тоа што во изминатиов период се менувале повеќе сопственици.

Најави дека во наредниот период се очекува да се спојат железарското парно и градското, за да нема различно зголемување на цената.

За подобрување на мрежата, ќе се чека завршување на оваа грејна сезона.

Моментално околу 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести