Синoт на Мицкоски, Антонио, едно од затруените деца во училиштето во Карпош, три денови примал инфузија, сега е подобар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска сподели детали за здравствената состојба на неговиот помал син, Антонио, кое е едно од децата кои беа затруени во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 40 деца затруени во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Карпош, меѓу нив и помалиот син на Мицкоски

Тој рече дека не бил хоспитализиран и во тешка состојба, како што објавија некои медиуми, и дека денеска е подобар.

Сподели дека детето три денови примало инфузија и дека не одело на училиште, а се надева дека од понеделник тоа ќе се врати на настава.

-Тој е храбро момче, пргаво, динамично, сака да се дружи. Претпоставувам во жарот на тоа дружење, тој е на целоднавна настава на училиште, биле на ручек, конзумирале иста храна, кажа Мицкоски и подвлече дека остава институциите да испитаат и да кажат дали труењети е од храната или е од нешто друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски со синовите во Будимпешта, го поканил Орбан

(Фото) Синот на Мицкоски матурант, ќе студира на Машински како татко му

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести