Ќе го следат ли примерот на Магнометал за воведување на 4-дневна работна недела и други компании во Македонија?

Звучи неверојатно за македонски услови најавата на трговската компанија во доменот на градежна опрема и опрема за патна инфраструктура, Магнометал ДООЕЛ Скопје, дека од 1. јануари ќе воведе 4-дневна работна недела за сите вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Магнометал прва во Македонија воведува 4-дневна работна недела

Како и бројни други компании низ светот и Магнометал очекува овој пилот проект кој ќе трае шест месеци, да донесе поголема продуктивност, што е еден од најголемите проблеми на нашите компании, како и повеќе слободно време за вработените, што е исто така важно за секој вработен да даде максимум од себе на работното место.

Компанијата очекува исто така да привлече и да задржи таленти, исто така еден од најголемите проблеми на македонските компании, кои последниве години имаат сериозен проблем да задржат врвни вработени, кои заминуваат или во други компании или во странство.

Останува да се види дали овој пример ќе го следат и други компании во земјава, имајќи ги во предвид веќе познатите позитивни искуства на бројни компании низ светот, кои одамна вовеле вакво работно време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести