Јадранка Дабовиќ Анастасовска, судијка во Уставниот суд си поднесе оставка.
Неофицијално истата ја поднела поради лични причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка
Уставниот суд има девет судии, а по нејзината оставка останува само со седум.
Претходно беше разрешена Елизабета Дуковска, а македонското Собрание, кое ги избира уставните судии, и по една година не избра нов член.
Која е Дабовиќ Анастасовска
Родена е на 28.04.1963 година во Скопје.
Средно училиште завршила во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Во 1985 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Во јануари 1992 година, станала магистер на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, отсек граѓанско право, со магистерска теза „Задружната сопственост во Република Македонија“.
Во мај 1999 година станала доктор на науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со докторски труд „Договорот за лиценца во споредбеното право и во правото на Република Македонија”.
Работно искуство
Во 1988 година станала помлад асистент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје по предметите – општ дел на граѓанското право, стварно право, облигационо право, наследно право, семејно право, авторско право и право на индустриска сопственост.
Во декември 1999 година станала доцент на научната област граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Во 2004 година станала вонреден професор на научната област граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Во 2009 година станала редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Во периодот од 2003 до 2004 година е продекан за меѓународна соработка и финансии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Во периодот од 2005 до 2006 година е член на Комисија за заштита на конкуренција на Република Македонија.
Од 2004 до 2008 година е продекан за настава на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Во периодот од 2005 до 2007 година е лидер на TEMPUS проектот „Кон ЕУ стандарди за авторско право и сродни права“, JEP 19076-2004.
Од 2012 до 2016 година е сенатор-член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 2018 година станала член на работна група на експерти за колективна заштита на авторските права.
Од 2020 до 2023 година е раководител на Институтот за граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Во периодот од 2021 до 2023 година е претседател на Комисијата за полагање на правосуден испит.
Била и претседател на Правната група на Организацијата на потрошувачите на Македонија, арбитер на Постојаниот суд арбитража при Стопанската комора на Македонија и арбитер на Постојаниот суд арбитража на Стопанската комора на Хрватска.
Во 2023 година е избрана за судија на Уставниот суд.
Автор е на бројни научни трудови.
Зборува англиски и српски јазик.
Фото: Уставен суд














