Електронскиот систем за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, кој моментално во тест период функционира само во Скопје, до крајот на декември ќе почне да функционира и во Куманово и Тетово, најави началничката на Секторот за сообраќајни работи во Министерството за внатрешни работи (МВР), Маја Арсовска Манов во Топ Тема на Телма.
Како што е веќе познато системот до средината на следната година треба да функционира низ целата држава.
Таа кажа и дека опрема е поставена и на Коридорите 8 и 10, и наскоро ќе детектираа прекршоци и таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли одлагање на казнувањето преку “Безбеден град“?
Како граѓаните го прифатија „Безбеден град“: Најмногу реакции за казните за брзина од 51км/ч
Фото: МВР














