Трагично заврши потрагата по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој исчезна пред 11 месеци.
Тој е пронајден починат, а тажната вест на социјалните мрежи ја сподели неговата сестра.
Тодоров исчезна во јануари годинава, а по него трагаше полицијата, семејството, пријатели, сограѓани…, а единствено беше пронајден неговиот мобилен телефон.
Засега нема официјални информации како и каде е пронајдено неговото беживотно тело и што се случувало во изминатите 11 месеци.
Погребот ќе биде утре од 12 до 13 часот во Неготино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезнатиот Миле Тодоров виден покрај планината Серта, вели неговата сестра
Фото: Фејсбук/Тодоров














