Ќе влијаат ли санкциите на САД на работењето на Лукоил Македонија?

Работењето на 40. бензински пумпи на „Лукоил Македонија“ останува во фокусот на јавноста откако САД во октомври воведе санкции за руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“.

Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, санкциите на САД нема да влијаат на работењето на „Лукоил Македонија“, бидејќи компанијата обезбедувала нафтени деривати од трговците во Македонија и поради тоа немало прекин во снабдувањето.

Според него во изминатиов период компанијата работела нормално и не отпуштила ниту еден од 550 вработени.

Во меѓувреме Канцеларијата за контрола на странските средства на американското Министерството за финансии, која ги воведе санкциите за руските компании, тргна дел од санкциите за „Лукоил“, и дозволи неговите бензински пумпи во странство да продолжат да работат до 29. април следната година.

-Лиценцата овластува трансакции потребни за работење, одржување или затворање на бензинските пумпи на “Лукоил“ надвор од Русија и се однесува на субјекти во сопственост на 50% или повеќе од „Лукоил Интернешнл“, со седиште во Австрија, холдинг компанија за странските бизниси на „Лукоил“, посочуваат од таму.

Во регионот “Лукоил Интернешнл“ има околу 850 бензински пумпи, а освен во Македонија, има и во Романија, Бугарија, Србија, Молдавија, Хрватска и Црна Гора, а во Романија и Бугарија ги поседува и рафинериите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непозната судбината на 550 вработени во “Лукоил Македонија“

Дали „Лукоил Македонија“ ќе биде продадена?

“Лукоил Македонија“ засега нема да добие нов сопственик, „Гунвор груп“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Фото: Лукоил Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести