Во скопската гимназија „Орце Николов“ се прослави значаен јубилеј, 25 години од формирање на билингвална француска паралелка.
На настанот присуствуваа амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, претставници од Министерството за образование и наука, Француски институт, директорот на училиштето Марјан Пулевски, наставници кои ја продлабочуваат македонско-француската соработка, гимназија „Пирот“ од Пирот.
Талентирани учениците имаа свои музички изведби и поетски читања, креирајќи еден извонреден меланж на македонско-француската соработка.
На настанот беа поддржани од нивни роднини, пријатели, наставници, кои се клучни делови од алката на француско-македонската соработка.
Доказ за квалиетот на едукацијата во француската паралелка е што, над 500 ученици поминале по патот на франкофонијата и го продолжиле своето школување во бројни светски универзитети.























