„На 26 ноември во просториите на Cité Internationale des Arts – Париз се отвори изложбата „Steps Into Time: The Rhythm Within“ на уметницата Марина Убавкова.
На изложбата, која ќе трае до 26 декември, меѓу бројните присутни гости, поддршка даде и амбасадорот Игор Николов.
Убавкова е архитект и визуелен уметник со магистерски студии по Архитектура и Ликовна уметност и богато искуство во архитектонскиот дизајн, визуелните уметности и академската работа. Во моментов престојува во Париз на двомесечна резиденција во Cité Internationale des Arts, која трае до 26 декември 2025 година.
Нејзината резиденција е поддржана од Министерството за култура, како и од големата европска програма „Culture and Creativity for the Western Balkan Countries“, финансирана од Европската Унија и имплементирана од UNESCO, British Council и Италијанската агенција за развојна соработка (AICS).
Овој престижен програм има за цел да ги зајакне културните и креативните сектори на Западен Балкан преку грантови, менторства, програми за развој на капацитети и регионална соработка.















