Бојана Скендеровски има нова песна „Нема нема“, која воедно е и најава за концертот во сабота насловен како „Бесмртна“.
„Сакав на публиката да ѝ понудам нешто ново, едно мало освежување пред мојот концерт и во празничниот период кој следува“, вели Бојана.
Композицијата е со музика и аранжман на Никола Мицевски и текст на Борче Нечовски, а снимена и миксана во студио XL Момироски., и претставува природен, храбар чекор напред во зрелоста на Бојана.
Концертот ќе се одржи во Филхармонија, со почеток во 20 часот.
Промотивна објава













