Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија за 2024 година.
Истражувањето открива дека загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128. претпријатија. Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра.
На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија.
„Во последните години растат и загубите и бројот на претпријатија со загуби. Само првите 10 претпријатија со најголеми загуби, прикажале 77% од вкупните загуби.
Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски, изнесуваат 193 милиони евра. Долговите на 10. најзадолжени претпријатија се 40% од вкупните долгови на сите претпријатија.
На дури третина од локалните јавни претпријатија им е блокирана банкарската сметка. Во локалните јавни претпријатија работат повеќе од 12.000 луѓе, иако бројот на вработени во последните неколку години благо се намалува,“ покажува истражувањето.
Фото: Unsplash












