На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, судијката Диана Груевска-Илиевска, информираше дека поранешниот службеник во Министерството за економија, Џеваир Камбери, кој е еден од обвинетите во случајот, вчера излегол од затворски притвор од затворот Скопје.
Притворот му бил укинат со решение на Апелациониот суд, а претходно Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје барал истиот да му биде продолжен.
За излегување од притвор, Камбери, според неговиот адвокат Насер Рауфи, дал гранција во недвижен имот во вредност од 600.000 евра.
Камбери, освен што е обвинет за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“, како сите други обвинети во случајот, е единствениот што е обвинет и за поткуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инспекторите на ДПИ не направиле пропусти во надзорот на „Пулс“, тврди нивната одбрана
Судијката информираше и дека Советот на Основниот кривичен суд Скопје не го прифатил барањето на обвинетиот пазарен инспектор Емил Митев, да му биде укинат куќниот притвор, бидејќи му се одразувал на здравјето, и да му бидат одредени други мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ќелија на обвинет за трагедијата во Кочани најдени 13 мобилни и лап топ
Фото: Влада













