Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот Фејсбук профил информираше дека е започната процедурата за јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк во градот.
Според него истиот ќе биде еден од најдобрите во регионот, а ќе бил изграден според највисоки европски стандарди.
Истиот треба да да се протега на површина од 84.000 метри квадратни и да има ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност, панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и други реквизити.
Луна паркот како што најавува, ќе биде комплетно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош.












