На Трамп не му е гајле за Западен Балкан

Како и што се најавуваше уште на почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, Западен Балкан и официјално не е повеќе во фокусот на САД.

Тоа го покажува и најновата Стратегија за национална безбедност на САД, потпишана од Трамп, во која Западен Балкан е споменат само во неколку реченици.

Генерално се споменуваат односите помеѓу Србија и Косово, а според регионалните експерти новата политика на САД ќе зависи исклучиво од економски интереси. Ако САД има некаде економски интерес и потенцијал за американски капитал, ќе има и интерес за стабилизација.

Според експертите во фокусот на САД ќе остане прашањето за Босна и Херцеговина, но и од неа повеќе ќе се очекува сама да си ги решава проблемите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија/Фото) Трамп и Клинтон во друштво на педофилот Епстин: Објавени нови фотографии

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести