Апелациониот суд Скопје ја зголеми затворската казна на Васил Јованов, кој на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје во јануари годинава ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова.
Тој во мај од страна на Основниот кривичен суд Скопје беше прогласен за виновен за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и беше осуден на 12 години затвор, а доби и забрана за управување возило од пет години и парична казна.
Од Апелација информираа дека по одржана јавна седница на 6. декември, донел пресуда со која уважил жалбата на Основото јавно обвинителство Скопје и ја одбил како неоснована жалбата на Јованов.
Според обвинението на Обвинителството, Јованов на 29. јануари управувал возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин, при што удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло. Од ударот таа почина на лице место.
За ова кривично дело е предвидена казна до 20 години затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Последната колекција на Фросина Кулакова го осветли финалето на Top Model Europe Balkans
Апелација повторно го осуди Васил Јованов на казна затвор од три години и девет месеци, за дрога













