Љупчо Коцевски не е повеќе републички јавен обвинител. Тој вчера поднесе оставка пред на седница во македонското Собрание да се расправа за негово разрешување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Па, Собранието само ја констатираше неговата оставка.
Постапката за разрешување на Коцевски ја започна Владата. Истата одреден период беше паузирана поради трагедијата во Кочани, а деновиве процедурата продолжи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ја продолжи постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
Коцевски беше избран за републички јавен обвинител од страна на Собранието, лани во февруари.
еМагазин разгледа каков имот пријавил кога станал јавен обвинител на Македонија.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил две куќи во Тетово, кои се од наследство.

Од наследство има и земјоделско земјиште во Требош.

Вози „мазда“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како ќе се бира нов републички јавен обвинител
Фото: Унсплеш













