Новогодишен настан „Празничен шепот на крушевската чаршија“, ќе се одржи од утре (20. декември) до Нова година, во Крушево.
Организаторите најавуваат денови исполнети со дневни и вечерни активности кои ќе ја оживеат крушевската чаршија и ќе ја претворат во сцена на отворено.
„Концептот на „Празничен шепот на крушевската чаршија“ е замислен како спој на традицијата и уметноста, надополнет со богато новогодишно украсување на чаршијата, делумно изработено од природни материјали.
Дрвени лампиони со зимски илустрации, дрвени елки и новогодишни фигури, како и природни елки, создадени од крушевчани. Чаршијата ќе понуди вистинско празнично доживување со измешани вкусови и мириси на традиционална храна, крушевски колбаси, ќебапчиња и питулици со лук, планински чај и варено вино, а истовремено посетителите ќе имаат можност да купат уникатни ракотворби и уметнички производи од локални креативци кои ќе бидат дел од Новогодишниот базар.
Настанот ветува вистинска крушевска новогодишна бајка, како од новогодишните филмови, и претставува одлична можност за медиумско покривање на празничната атмосфера, културното наследство и креативниот дух на Крушево,“ велат организаторите.

Промотивна објава














