Пред да излезете надвор, задолжително проверувајте го индексот на квалитет на воздухот, препорачуваат од Институт за јавно здравје.
„Останете дома ако не треба да излегувате. Избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација). Ова се однесува не само на чувствителните групи, туку и на децата и младите кои што повеќе време поминуваат надвор на отворено, и особено на лицата кои професионално се ангажирани и работат на отворено. Носете заштитна маска со докажана ефикасност на отворено“, велат од ИЈЗ.
Од таму не препорачуваат да се отвораат прозорците, кога воздухот е загаден.
„ Користете прочистувач на воздух дома или на работно место (за особено чувствителните лица со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни заболувања и мали деца и бремени жени). Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност. Бремените жени треба да останат дома. Луѓето со астма може да имаат потреба за почеста употреба на инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност“, додаваат од ИЈЗ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Издадени препораки заради загадениот воздух во Скопје
Фото/Unsplash














