Русковска го пријави Боки 13 за вознемирување

Поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска му поднесе кривична пријава за вознемирување на Бојан Јовановски – Боки 13, откако тој во живо на Јутуб неколку пати и вртеше на телефон и ја навредуваше.

Во видеото кое веќе кружи по социјалните мрежи, Русковска двапати му одговара на Јовановски, а вториот пат му најавува дека ќе го пријави во полиција за вознемирување.

Инцидентот се случи на 18. декември.

Јовановски пак преставувајќи се како новинар, обвинува за цензура и меѓу друго вели дека сакал да ја праша за Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра.

Оваа не е првпат Јовановски во програма во живо да и се јавува на Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски – Боки-13 доби пет години затвор за случајот „Меѓународен сојуз”

(Видео) Боки 13 го објави првиот дел од документарецот “Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести