Причината за смртта на бебето на Клиника за гинекологија и акушерство е незрелост на белите дробови, информираа од таму.
„По добивањето на резултатот од страна на Клиниката, семејството е уредно повикано со цел лично да бидат информирани за сите деталите од наодот. За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправиности во лекувањето на новороденото.
Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување на дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок. Како установа изразуваме длабока жалост, а воедно сочувствуваме со болката и загубата на семејството. Вработените на ГАК секојдневно се борат за животите на многу деца, но за жал се случуваат и загуби кои ги доживуваме не само како професионалена, туку и емотивна загуба,“се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонреден инспекциски и стручен надзор за смрт на новороденче во Гинекологија














