И оваа година во водите на Охридското Езеро нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ поставија новогодишна елка.
Истата е поставена во соработка со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот крст од Охрид, а акцијата е посветена на децата со ретки болести.
Новогодишна елка во водите на езерото се поставува повеќе од 20 години.
Фото/видео: Амфора/Фејсбук














