Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за Нова година и католички Божик, грчките земјоделци ќе ги паузираат блокадите

Изминатиов период речиси секојдневно по неколку часа граничните премини кон Грција беа блокирани од страна на грчките земјоделци, кои протестираат.

Како што пренесуваат грчките медиуми за време на Нова Година и католички Божик, тие ќе ги паузираат блокадите на граничните премини.

Блокадите на граничните премини ќе бидат прекинати од вторник, 23. декември, до недела, 28. декември 2025 година и од вторник, 30. декември, до недела, 4. јануари, 2026 година.

Грчките земјоделци ги почнаа протестите на 30 ноември.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести