Од вечерва дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни

Под влијание на влажни воздушни бранови од вечерва кон крајот на денот и во следните два дена (24.12 и 25.12. 2025) ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа), информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 см.

Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Фото: Unsplash


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести