Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања

Беким Сали од владејачката коалиција “Вреди“ е новиот министер за европски прашања.

Тој доаѓа на местото на кадарот од истата коалиција, Орхан Муртезани, кој беше разрешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беким Сали избран за нов министер за европски прашања, Мухамет Хоџа за животна средина

Во македонското Собрание за нов министер вчера беше избран и Мухамет Хоџа, од истата коалиција. Тој е новиот министер за животна средина и просторно планирање.

Изборот на нови министри следи откако поранешниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, стана градоначалник на Општина Чаир.

Кој е Сали

Завршил средно медицинско училиште во Скопје, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Тој е доктор по стоматологија и управител на приватна стоматолошка ординација.

Член е на Стоматолошката комора, на Здружението на албански стоматолози и на Здружението на албански имплантолози.

Покрај албански јазик, зборува и македонски, англиски и турски јазик.

Политичка кариера

Од 2009 до 2010 година ја извршувал функцијата шеф на Кабинетот на министерот за здравство и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

На локалните избори во 2021 година, Сали беше кандидат за градоначаник на Општина Чаир од редовите на Алтернатива.

Во периодот од јануари 2022 година до февруари 2023 година тој беше министер за здравство.

Во мај лани откако Африм Гаши се повлече од лидерската позиција тој стана лидер на Алтернатива. Претходно беше потпретседател на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир

Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат

Фото: Фејсбук/Сали

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести