Македонската полиција доби 120 нови службени возила, “пежо 408“.
Вредноста на набавката е 202.600.000 денари.



Истите се опремени со најсовремена технологија, вклучително и Тетра системи со сите потребни информации за полициските службеници на лице место да ги извршат потребните проверки на евиденција, сите анализи на податоци со коишто располага Министерството за внатрешни работи (МВР), како и анализи на прекршочни евиденции.
Фото: МВР














